Колото на Спортска прогноза необично, учеството во трката за Ајфонот и ваучерите е задолжително

Новото коло на Спортска прогноза, 18-то по ред во третата сезона на бесплатната игра на Sport Life и Спорт Манија, е необично, нема натпревари од англиските лиги, но во основната понуда од 13 меча има две дербија кои се значајни во земјите во кои што се играат.

Дека ќе биде многу интересно за сите наши прогнозери доказ е што голем број играчи веќе типуваа. Трката за главната премија во секое коло, „ајфон 11“, ќе биде интересна. Во минатото коло еден играч кој погоди 11 натпревари, доби ваучер од Sport Life од 500 денари.

Може да се прогнозира до сабота во 15 часот кога почнува мечот помеѓу Беневенто и Аталанта. Од тие што досега типувале, дури 94 проценти сметаат дека ќе победат гостите, што укажува дека Аталанта е огромен фаворит на прогнозерите. Речиси исто толку веруваат и во победа на Барселона на гостувањето кај Гранада.

Дербија има во Германија (Лајпциг – Борусија Дортмунд), во Италија (Рома – Интер) и во Холандија (Ајакс – ПСВ). Прогнозерите засега поголеми шанси им даваат на Лајпциг, Интер и Ајакс.

Колото ќе заврши во недела, овојпат немаме понеделнички дуели. Тука се и двата резервни пара кои се пресметуваат во вашиот биланс во генералниот пласман. Таму трката за бројните и вредни награди е многу неизвесна. На врвот се тројца прогнозери со по 117 поени. Веднаш зад нив се четворица со по 116, и шестмина со по 115.

 

- Оглас -

Најнови вести