Колото на Спортска прогноза полно со дербија, почна да се полни со прогнози

Новото коло на Спортска прогноза, 25-то по ред сезонава, како никогаш досега носи голем број дерби-натпревари на кои треба да ги погодите исходите.

Секако, најатрактивни се најголемите дербија во Шпанија и Италија. Според процентите на оние што досега типувале, за Реал Мадрид – Барселона сите три знака имаат над 30 проценти и изедначеноста е огромна, со минимална предност на двојка. За Јувентус – Интер, дуелот кој можеби ќе се игра без публика, половината прогнозери типувале на победа на Јуве, а во триумф на гостите веруваат само 14 отсто.

Но, има уште два дена за типување и оние кои типувале може до утре во 16 часот да ги менуваат своите прогнози.

Освен Ел Класико и Дербито на Италија, треба да го погодите исходот и на белградското вечно дерби, кое исто така се игра в недела, а таму Ѕвезда е фаворит против Партизан. Дерби има и во Холандија, ПСВ го пречекува Феенорд.

Доколку не се одиграат мечевите во италијанската Серија А кои се на понудата на Спортска прогноза, веднаш се активираат резервните парови. Така беше и во претходното коло, што значи дека секогаш треба да прогнозирате и на тие две средби, кои секако влегуваат и во бројката на погодени за Генерален пласман.

Ако има повеќе од две одложени средби, односно не се исполни кворумот за 13 парови, „Среќна 13-ка“ и трката за освојување мобилен телефон „ајфон“ нема да се важи во тековното коло, додека остануваат подароците за вредносни ваучери од 1.000 и 500 денари за најдобрите кои имаат еден или два утнати пара. Секако, остануваат и освоените бодови во Генералниот пласман.

Се надеваме дека Коронавирусот нема да направи проблеми на мечевите во најсилните лиги.


- Оглас -

Најнови вести