Колото на Спортска прогноза со Лигата на нациите е предизвик, атрактивно за прогнозерите

Натпреварите на репрезентации некако традиционално се понезгодни за типување отколку клупските, но затоа и предизвикот е поголем и задоволството поголемо кога ќе се погодат исходите. Петтото коло на бесплатната Спортска прогноза е со мечеви од Лигата на нациите, дуели кои се играат викендов, а како додаток го имаме и понеделничкиот меч од шпанската втора лига помеѓу Сарагоса и Албасете.

Типувањето на страницата на Sport Life е во тек, вашите прогнози можете да ги ставате до почетокот на првиот натпревар од понудените 13,  а тоа е Фарски Острови – Летонија, во сабота во 18 часот.

Од саботната понуда ги имаме и дуелите Андора – Малта и Украина – Германија. За најголем дел од оние над 1.000 прогнозери кои досега се изјаснија, на овие мечеви фаворити се гостинските репрезентации. Во победа на Украина веруваат помалку од 1 процент прогнозери.

Најголем дел од средбите во основната понуда од 13 меча се играат в недела. Македонија е фаворит за победа во Талин против Естонија во меч од втората група во Сегментот Ц, а двојка типувале над 88 проценти од прогнозерите. Мислењата се поделени околу дербито Англија – Белгија. Засега најмногу прогнозери типувале на нерешено, но до утре попладне тоа може да се смени. Франција е фаворит против Португалија, како и Русија со Турција.

Играта е бесплатна, лесно можете да се придружите на големата армија меракли за Лигата на нациите и да се обидете да погодите 13 натпревари од основната програма. Со 13 погодоци, добивката е „ајфон 11“. Со 12-ка добивате ваучер од Sport Life во вредност од 1.000 денари, додека 11-ка носи ваучер од 500 денари.

Тука се и двата резервни пара кои се сметаат во трката во Генералниот пласман, каде што главен подарок е Смарт ТВ 48 инчи и се доделува на крајот од сезоната за прогнозерот со најмногу точни прогнози.

 

- Оглас -

Најнови вести