Колото започнува и завршува со два големи дерби-дуела, има ли експерти да ги погодат фиксовите?

Новото, 11-то коло на популарната Спортска прогноза веќе е на менито на сите оние коишто очекуваат да им се насмевне среќата и да погодат 13 фикса. Традиционално, натпревари од Топ 5 лигите во Европа се во понудата и целта е да се биде перфектен, за да се освои Среќна 13-ка, а со тоа и да се има можност да се одбере еден од понудените подароци: Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5.

Оние прогнозери кои ќе имаат по 12 погодоци добиваат вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а за 11 погодоци тој ваучер изнесува 500 денари.

Колото ќе започне со дербито меѓу клубовите кои доминираат во последните неколку години во Премиер лигата во Англија. Манчестер сити е домаќин на Ливерпул, а дури две третини (67 отсто) од прогнозерите засега веруваат во победа на актуелниот првак. Само 13 отсто се оптимисти дека Ливерпул може победнички да си замине од ова тешко гостување.

Ако колото започнува со дербито во Англија, во фокусот на финишот од ова коло ќе биде Серија А. Популарното Дерби на Италија се игра во Торино, а Јувентус е домаќин на Интер. Тука прогнозерите не се толку единствени како во премиерлигашкото дерби. Дури 41 отсто од прогнозерите очекуваат да биде нерешено, а 34 отсто веруваат победа на Старата дама.

Освен овие две дерби-дуели во Англија и Италија, во понудата има уште 11 интересни мечеви на кои треба да дадете точна прогноза за да може да се надевате дека ќе добиете еден од примамливите подароци.

- Оглас -

Најнови вести