Колтеску не е расист, УЕФА го амнестира романскиот судија што направи крш на „Паркот на принцовите“

Себастијан Колтеску не ги навредил Пјер Вебо и Демба Ба на расна основа и нема да биде казнет, објави УЕФА по два месеци по контроверзниот инцидент што го прекина мечот меѓу Пари Сен Жермен и Башакшехир во Лигата на шампионите. Истрагата е прекината и УЕФА одлучи да го амнестира Колтеску.

Како четврти судија на мечот што почна на 8 декември, а се доигра следниот ден, Колтеску имаше несреќна комуникација со главниот арбитер Овидиу Хатеган, негов сонародник од Романија, и му сугерираше дека Вебо го навредувал. Го употреби зборот „црнецот“, што е навредлив, но потоа објасни дека не сакал да го навреди поранешниот фудбалски ас.

Веднаш реагираа од клупата на Башакшехир, имаше бурна расправија со судиите и мечот беше прекинат.  Гостинските играчи заминаа во соблекувалната, а тоа го направија и фудбалерите на ПСЖ во знак на поддршка.

Инцидентот предизвика многу полемики, а романските судии комплетно беа заменети и следниот ден судеше Холанѓанецот Макели.

Пари Сен Жермен победи со 5:1 во меч што немаше никакво резултатско значење, но ќе остане запаметен по несекојдневниот инцидент.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести