Колцов се самоубил поради Сабаленка!? Сакал да се смири, но тенисерката веќе имала нов дечко

Не стивнуваат реакциите и гласините околу смртта на белорускиот хокеар Константин Колцов. Познат и како некогашен дечко на тенисерката Арина Сабаленка, Колцов почина откако неговото тело било пронајдено на земја покрај хотелот во Мајами, местото каде Сабаленка е дел од Мастерсот. Се сомнева дека се работи за самоубиство, иако првата жена на верува дека се работи за несреќен случај. 

Колцов и Сабаленка неколку години биле во љубовна врска, која тенисерката ја прекинала пред турнирот во Мајами. Вилјателниот тениски новинар Крејг Шапиро открива дека Белорусинката во Мајами го довела веќе новото момче.

Првичните гласини беа дека бугарскиот тенисер Григор Димитров е нејзиното ново момче, но потоа тоа се демантираше и објаснувањето беше дека Сабаленка заедно со нејзиното ново момче била во истиот авионски лет во кој бил и Димитров.

Арина со новиот дечко била и на Мастерсот во Индијан Велс кој се играше непосредно пред стартот на турнирот во Мајами. Гласините се дека хокеарот Колцов пристигнал во Мајами за да се смири со Сабаленка, но бил разочаран кога дознал за нејзиното ново момче.

 

- Оглас -

Најнови вести