Колубара и Спартак Суботица се гаранција за многу голови, секогаш во историјата меѓусебе играле “гол-гол“

3131 – Колубара  – Спартак Суботица (17:00)

Екипата на Колубара наизглед се наоѓа во сигурна зона, но се уште без обезбеден опастанок во српското првенство. За разлика од нив, екипата на Спартак Суботица е во незавидна позиција и мора да брка добар резултат на денешниот натпревар. Интересно за нивните меѓусебни дуели е тоа што до сега имаат одиграно вкупно шест натпревари, кои секогаш завршувале гол-гол. Спартак има пет победи, а Колубара само една.

Предлог тип: Х2 & ГГ  (2.22)

 

1598 – АПОЕЛ – Омонија (18:00)

Екипата на АПОЕЛ од Никозија води голема борба за шампионскиот пехар во првенството на Кипар со Арис од Лимасол. Омонија не само што е далеку од борбата за трофејот, туку е и далеку од местата кои водат во фудбалска Европа. Овие две екипи често знаат да одиграат натпревари со многу голови, а денес и двете нема што да бранат. Се очекува отворен фудбал со многу погодоци.

Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (2.55)

 

2806 – Мидтјиланд – Силкеборг (19:00)

Екипите на Мидтјиланд и Силкеборг се натпреваруваат во групата за испаѓање на данското првенство, но тука правилата се интересни. Првопласираната екипа од оваа група ќе игра во плеј-офот за пласман во европската Конференциска лига. Токму домашната екипа е на првата позиција со имератив за победа на денешниот дуел. Силекборг има 31 бод, опстанокот е речиси обезбеден и нема што да брани на овој дуел. Мидтјиланд во пресрет на овој натпревар е во серија од пет натпревари без пораз, а на последните 15 натпревари помеѓу овие две екипи, само еднаш немало барем два погодоци.

Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (2.40)

 

1102 – Блекбурн – Лутон (18:30)

Дуел од англиската Чемпионшип дивизија на екипи може да се сретнат и во плеј-оф разигрувањето. Гостите веќе го имаат обезбедено пласманот во доигрувањето, додека домашниот Блекбурн со победа на денешниот дуел ќе биде многу блиску до такво нешто. Двете екипи се помеѓу оние на чии натпревари паднале најмалку голови оваа сезона во англиската второлигашка дивизија, а така се очекува да биде и вечерва.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (2.12)

 

3020 – Фросиноне – Реџина (20:30)

Екипата на Фросиноне со евенуатлна победа вечерва против Реџина ќе го потврди пласман во италијанската Серија А за следната сезона. Тие имаат предност од осум поени пред третопласираниот Бари и се уште теоретски ја немаат обезбедено промоцијата. На последните осум натпревари на кои настапил Фросиноне немало повеќе од три голови, а во меѓусебните дуели против Реџина само еднаш имало повеќе од три погодоци.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.16)

- Оглас -

Најнови вести