Колумбија ќе потврди дека е силна, Аргентина нема право на нов кикс

Колумбија – Катар (23.30 часот)

По победата над Аргентина, на Колумбијците ќе им биде доволна победа над Катар за пласман во нокаут-фазата. Тие се фаворити, но и Парагвај беше фаворит против гостите од Азија, па не успеа да ги совлада. Овие две селекции никогаш не играле една против друга, веруваме дека Колумбија нема да ја прокоцка можноста уште еднаш да покаже дека е во добра форма и кандидат за медал.

Предлог тип: 1-1 (2.00)

 

Аргентина – Парагвај (02.30 часот)

Аргентина разочара во првото коло, но не толку со играта колку со резултатот. Сепак, Гаучосите предводени од Меси имаат индивидуален квалитет кој може да биде доволен за триумф над Парагвај, тим кој ќе се брани и ќе чека шанса од контранапади. Квотите на денот од Sport Life најавуваат победа на Аргентина и дека на мечот ќе паднат два до четири гола.

Предлог тип: 1 & 2-4 гола (2.20)

 

Куба – Мартиник (02.00 часот)

За овие две селекции, меѓусебниот дуел е единствена шанса да се освои некој бод во групата, бидејќи другите два тима се многу посилни, што се виде и во првото коло на Голд купот. Не треба да се очекува спектакуларен фудбал, но борба и мотивација сигурно ќе има. На осум од деветте меѓусебни дуели на Куба и Мартиник имало 0-2 гола.

Предлог тип: 0-2 гола (1.74)

 

Мексико – Канада (04.30 часот)

Во првото коло на Голд купот, Мексико победи со 7-0, Канада со 4-0, па ова е директен дуел за првото место во групата. Мексико има серија од пет меча по ред на кои паѓаат 4 или повеќе голови, а и средбите на Канада во последно време многу се ефикасни, па тука мрежите ќе се тресат. Канада за последен пат го има победено Мексико во далечната 1976 година.

Предлог тип: 1 & 3+ (1.86)

 

Чикаго кабс – Чикаго вајт сок (02.05 часот)

Ова е градско дерби во бејзбол лигата МЛБ, фановите на клубовите од јужниот и северниот дел на Чикаго воопшто не се сакаат и ги сметаат за ривали за кои во никој случај никогаш не би навивале. Ова е втор од четирите меѓусебни дуели кои ќе ги имаат тимовите, а првиот се играше синоќа и заврши со победа на Белите чорапи од 3-1. Пред тоа, Кабс славеше четири пати во низа.

Предлог тип: 1 (1.75)

- Оглас -

Најнови вести