Колумбија се подготвува за големо славје: Понеделник ќе биде неработен ден ако ја освојат Копа Америка

Репрезентацијата на Колумбија изненадувачки успеа да стигне до големото финале на Копа Америка и ќе се бори за трофејот против Аргентина. Претседателот на оваа јужноамериканска земја, Густаво Петро, најави дека ако го освојат трофејот, понеделник ќе биде ден за славење и неработен ден во цела Колумбија.

Сепак, колумбијците ќе имаат тешка задача пред себе, бидејќи за противник го имаат актуелниот светски шампион и рекордерот по бројот на трофеи од Копа Америка, заедно со Уругвај, со по 15.

За разлика од Аргентина, Колумбија има само еден трофеј, кој го освоија во 2001-вата година, додека на последната Копа Америка завршија како третопласирани.

- Оглас -

Најнови вести