21.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Колумбиски фудбалер почина за време на тренинг на својот тим

Колумбискиот фудбалер Гиљермо Денис Белтран денеска почина на 24-годишна возраст и тоа за време на тренингот на неговиот тим Реал Санта Круз.

Клубот соопшти дека на Белтран му се слошило и потоа паднал на теренот. Клупските лекари повикале и брза помош која не успеала да му го спаси животот на фудбалерот.

„Тренираше како и обично, а потоа се сруши на теренот. Се обидоа да го реанимираат, но почина на пат кон болница“, изјави директорот на Реал Санта Круз, Адолфо Сорија Галваро.

 

- Оглас -

Најнови вести