Колумбиско дерби е тамам за реми

Депортиво Кали – Алијанца Петролера (фудбал, Колумбија 02.30 часот)

Дербито на 11-тото коло во колумбиското првенство ќе се игра меѓу лидерот Алијанца Петролера и шестопласираната екипа на Депортиво.

Домаќините со победа можат да се доближат само на еден бод до ривалот, кој го дели првото место со Кукута и Америка де Кали.

На врвот е гужва, бодовната разлика меѓу екипите е мала, па мечот е многу значаен.

Депортиво нема пораз во Кали од Алијанца од 2014 година, но гостите имаат подобар меѓусебен скор. И победија во март годинава, во последниот меѓусебен дуел со 1:0, но на домашен терен.

На последните пет дуели меѓу овие две екипи само еднаш имаше нерешен исход, но сега повторно „мириса“ на реми.

Предлог тип: Х (3.15)

 

Никол Гибс – Анжелик Кербер (тенис, ВТА-турнир Осака, 04 часот)

Анжелик Кербер е трикратна гренд слем шампионка и една од најдобрите активни тенисерки, но игра многу лошо во сезоната на турнири на тврда подлога.

Германката не личи на себе, игра непрепознатливо за тенисерка што ги освои титулите во Мелбурн, Лондон и Њујорк, а ѝ фали само Париз и пехарот од Ролан Гарос за комплетен гренд слем шлем.

Кербер има три порази во првото коло на последните три турнири и тоа е шансата за Гибс, тенисерката која има 26 години и сè уште нема ВТА-титула.

Досега не играле меѓу себе, па ова ќе им биде прв меч. Според квалитетот, титулите и ранкингот, Кербер е голем фаворит, но поради исклучително лошата форма на Германката, ќе типуваме плус гемови.

Предлог тип: > 20.5 гема (1.92)

 

Медисон Киз – Зарина Дијас (тенис, ВТА турнир Осака, 05.30 часот)

Американката Киз е голем фаворит за пласман во четврт-финалето против тенисерката од Казахстан. Медисон е петта носителка на турнирот во Осака, моментно е подоброрангирана од ривалката, а разликата е 64 позиции.

Киз има и многу повеќе успеси на ВТА-турнирите, освои пет титули, а играше и едно големо финале, на Отвореното првенство на САД пред две години.

Казахстанката Дијас успева да се одржи во топ 100 во женскиот тенис, но не направи позначаен исчекор. Има една ВТА-титула, освоена во Јапонија, но на турнир во Токио. Игра подобро на брзи подлоги, а во единствениот меѓусебен дуел со Киз пред три години на Отвореното првенство на Австралија загуби со 0:2.

И сега Киз е во предност и ќе типуваме дека ќе победи без загубен сет.

Предлог тип: Точен резултат 2:0 (1.70)

 

Си Су-Веи – Елиз Мертенс (тенис, ВТА турнир Осака, 07 часот)

Су-Веи успеа да ја изненади Гарбиње Мугуруса и со пресврт да ја елиминира двојната гренд слем шампионка во првото коло на турнирот во Осака, што е изненадување.

Сега повторно ќе мора да игра против фаворитка, а на спротивната страна од мрежата ќе биде деветтата носителка во Осака, Елиз Мертенс.

Белгијката е во предност, формата ѝ е добра, а го потврди тоа со пласман во четврт-финалето на Отвореното првенство на САД. Загуби по голема битка со 2:1 во сетови од Бјанка Андреску, која потоа и го освои турнирот.

Су-Веи е повеќе специјалистка за игра во двојки и моментно е петторангирана тенисерка на светот, а беше и број 1. Има три гренд слем титули во женски двојки, две на Вимблдон, каде што е и актуелна шампионка со Барбара Стрицова и една од Ролан Гарос.

Во поединечна конкуренција, 33-годишната тенисерка има само 3 ВТА-титули, што е прескромно во однос на резултатите што ги има во парови.

Досега играа два меча меѓу себе, едниот Мертенс ѝ го предаде на Су-Веи поради повреда, а претходно, лани во Рабат ја победи со 2:0. Фаворит за пласман во четрт-финалето е Мертенс, но Су-Веи е искусна тенисерка, игра солидно во овој дел од сезоната и може да освои еден сет.

Предлог тип: > 20.5 гема (1.88)

 

 

- Оглас -

Најнови вести