32.8 C
Skopje
сабота, 19 јули 2025

Колумбус по две продолженија го шокираше Бостон

Колумбус се избори за израмнување на 1-1 во серијата против Бостон бруинс, откако Блу џекетс ноќеска славеа во Масачусетс со конечни 3-2. За победникот да се одлучи мораа да се играат две продолженија, по нерешените 2-2 во регуларното време.

Бостон испушти предност во два наврати, додека Панарин ги одржуваше гостите во игра. Победничкиот гол го постигна Душен, во ситуација кога Колумбус имаше хокеар повеќе на мразот.

Серијата сега се сели во Колумбус, а третиот меч е закажан во ноќта на 1 мај, со почеток во 01:30 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести