Коман делеше воспитни шамари, па сам си замина во соблекувална (Фото)

Кингсли Коман реагираше неспортски во чуден момент, во последната минута од судиското продолжение на неважен меч за Баерн против Штутгарт и не чекаше да биде исклучен, па сам си замина во соблекувална.

Играчот на Баерн по еден старт на Мавропанос не издржа и му удри шамар на дефанзивецот на Штутгарт во 95. минута и знаеше што го чека, па тргна да го напушта теренот.

Судијата Ајтекин очекувано му покажа црвен картон на офанзивецот на Баерн. Мечот заврши нерешено 2:2, а Баерн од претходно ја имаше освоено титулата во Германија.

Штутгарт бие ѓестока битка за да избегне бараж за опстанок и има три бода помалку од Херта, но и подобра гол-разлика, па се надева на чудо на едно коло до крајот на првенството.

Во двата останати дуели од 37. коло денеска во Бундеслигата Ајнтрахт Франкфурт и Борусија Менхенгладбах ремизираа 1:1, а Лајпциг со победа од 4:0 против Аугсбург, стаса до четвртото место, последно што води во Лигата на шампионите.

 

- Оглас -

Најнови вести