Коман е феномен: Со 25 години има дури 10 шампионски титули во Топ 5 лигите

Францускиот репрезентативец Кингсли Коман е претплатен за освојување на шампионски трофеи. Играчот на Баерн Минхен вчера по седми пат во кариерата се радуваше на титулата во Бундеслигата, но германското првенство не е единствено кое го има освојувано.

Како дете помина девет години во школата на ПСЖ, а во 2013 година доби шанса да заигра за првиот тим и тоа со само 16 години и осум месеци. Како дел од ПСЖ, Коман се радуваше на две титули во францускиот тим, а потоа во 2014 година направи трансфер во Јувентус.

За Старата дама одигра 14 меча во сезоната 2014/15 и на крајот стана првак и во Серија А. Следната сезона одигра само еден натпревар за Јувентус и беше даден на позајмица во Баерн Минхен. Гигантот од Торино и таа сезона стана првак во калчото, а во Германија Баерн само ја продолжи доминацијата која уште трае.

Коман има само 25 години и во секоја од професионалните сезони во кои играл, на крајот освојувал титули. Има две со ПСЖ во Франција, една со Јувентус во Италија и дури седум со Баерн Минхен во Бундеслигата. Човекот едноставно е „магнет“ за титули.

- Оглас -

Најнови вести