Коман и Милер го зачуваа Баерн на прво место

Баерн Минхен и Лајпциг одиграа 3-3 во дербито на моментно првопласираните две екипи на бундеслигашката табела. По ова реми, Баерн остана со два бода предност пред Црвените бикови од Лајпциг, а четири бода заостануваат Борусија Дортмунд и Баер Леверкузен, со тоа што Фармацевтите имаат и еден меч помалку.

Кингсли Коман беше асистент при сите три гола на Баерн, а искусниот Томас Милер беше двоен стрелец. Милер пред неколку дена даде гол и во ЛШ. Гол за Баерн даде и 17-годишниот Мусијала, и тоа само пет минути откако влезе во игра.

Мечот го одбележа и водечкиот гол на гостите, после грешката на Мануел Нојер.

- Оглас -

Најнови вести