Коман ја донесе титулата, па мораше и да ја отвори сметката за Баварците на патот кон одбраната на тронот (видео)

Баерн Минхен тргна според планот во одбрана на европската титула, води со 1-0 по триесетина минути игра во дербито против Атлетико Мадрид. Водечкиот погодок е дело на Кингсли Коман, човекот кој го постигна голот за титула против ПСЖ минатата сезона.

Голема заслуга што Баварците водат против цврстите Јорганџии има и Кимих, кој одлично го проигра Коман и му намести чиста шанса да го совлада Облак.

https://twitter.com/noobfcb/status/1318997985976602630

Во меѓувреме, Манчестер сити и Порто играат при нерешени 1-1, Аталанта води со 2-0 на гостувањето кај Митјиланд, додека Ливерпул поведе против Ајакс со 1-0 во Амстердам.

- Оглас -

Најнови вести