Командантот нема да игра за својот сакан клуб во втора лига, оди во градски ривал!

Легендата и досегашен капитен на Леванте, Хозе Луис Моралес, нема да остане во клубот кој испадна во втора лига. Според шпанските медиуми, популарниот Ел Команданте се договорил со Вилјареал, кој е градски ривал на Леванте.

Моралес на кого тешко му падна испаѓањето на Леванте, веројатно на прес-конференција ќе се прости од клубот и навивачите, а потоа ќе потпише за Жолтата подморница.

Интерес за Моралес кој следниот месец ќе наполни 35 години, имало и од Бетис и Реал Сосиедад, но го одбрал Вилјареал затоа што сака да продолжи да живее во Валенсија. Освен тоа, ќе продолжи да игра во прва лига, а ќе игра и во европските натпреварувања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести