Баерн Минхен има фантастичен старт на новата сезона и во Бундеслигата е максимален по шест кола. Но, „баварците“ со победата над Ајнтрахт Франкфурт срушија рекорд.
На ниту една екипа од топ-5 европските лиги не им тргнало од рака да победат на првите 10 официјални натпревари во сезоната. Баерн Минхен освен шестте победи во Бундеслигата, има победа и во германскиот Супер куп над Штутгарт, победа над Вехен во Купот на Германија, како и две победи во Лигата на шампионите.
Винсан Компани до 10-те победи дојде со фантастична гол-разлика од 38 дадени и само осум примени гола.
Рекордот на Баерн Минхен може и дополнително да расте, бидејќи сега ги очекуваат два домашни меча, против Борусија Дортмунд во првенството и против Бриж во Лигата на шампионите.