Комбинација на пресметки од европските купови, англиски куп и меч на африканскиот гигант

6831 Фехервар – Омонија (18 ч.)

Возвратен дуел од квалификациите во Конференциската лига на УЕФА, каде што гостите од Кипар доаѓаат со предност од 1:0. Омонија е во добар ритам и има три победи во низа, а ова е тим кој најчесто игра затворено и најважно е да има добра одбрана.

Сега Омонија има дополнителен мотив да игра дефанзивно затоа што брани позитива, иако е од само еден гол. Фехервар нема што да загуби па домаќините едноставно мора да дадат најмалку еден гол, ако сакаат да се надеваат на некаков успех.

Предлог тип: 0-1 I & 0-2 II (1.76)

 

6815 РФС – Санта Колома (18 ч.)

Тимот од Летонија е пред место во плејофот за пласман во групната фаза во Лигата на Европа бидејќи се очекува лесно да слави над противникот од Андора. По првиот меч, РФС победи со 2:0 на гости и сега се очекува на уште поубедлив начин да го завери местото во следната фаза.

На РФС и во домашното првенство му оди одлично и е лидер на табелата по 25 одиграни меча, и тоа дури со 80 дадени голови, што е просек повеќе од три погодоци на дуел.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.06)

 

6830 Астана – Хунедоара (16 ч.)

Хунедоара е романскиот второлигаш кој на чудесен начин го освои Купот на оваа земја и поради тоа играше во квалификациите од Лигата на Европа, каде што и помина едно коло, а потоа само со еден примен гол беше елиминиран до Риека, па продолжи во квалификациите од Конференциската лига.

Астана славеше на гости со 2:1 на првиот дуел, но Романците сигурно нема лесно да се предадат вечерва и може повторно да се очекуваат погодоци на двете страни.

Предлог тип: ГГ3+ (2.35)

 

5624 Енпи – Ал-Ахли (20 ч.)

Ал-Ахли е убедлив лидер во првенството на Египет и е тимот со најмногу дадени и најмалку примени голови. Во супер форма е египетскиот гигант и има 24 победи и само едно реми во последните 25 меча што ги одигра во сите натпреварувања, па јасно е кој е фаворит за трите бода вечерва.

Енпи е со три нерешени и три порази на последните шест дуели во првенството, а кога се работи за меѓусебните дуели против Ал-Ахли, билансот е само едно реми и дури 14 порази во последните 15 средби.

Предлог тип: 2&2-4 (2.60)

 

1122 Лидс – Мидлсборо (21 ч.)

Меч кој може да се каже дека е дерби во првото коло на Лига купот затоа што играат два тима од Чемпионшип. Лидс е фаворит за висок пласман во Чемпионшип и токму поради тоа и сега е фаворит против Мидлсборо, екипа која исто така со победа стартуваше во новата сезона.

Минатата сезона во првенството Лидс ги доби двата дуела против Мидлсборо, но тоа беа натпревари на коишто имаше многу погодоци и завршуваа со резултати 4:3 и 3:2.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.77)

 

- Оглас -

Најнови вести