Пет натпревари со квоти поголеми од 2.00 се дел од Квотите на денот на Sport Life. Три натпревари се од квалификациите за Лигата на шампионите, додека два меча се од англискиот Лига куп, односно ЕФЛ купот. Сите натпревари одиграни на еден тикет прават квота од 64.3.
Шефилд јунајтед е голем фаворит против екипата на Линколн сити. Очекувањата се дека премиерлигашот лесно ќе го победи третолигашот Линкол, но и дека ќе има погодоци во двете полувремиња. Квотата за оваа игра во Sport Life е одлична, 2.20.
Апсолутен фаворит е и екипата на Челзи против членот на Лига 2, АФЦ Вимблдон. Натпреварите од ЕФЛ купот се можност за екипите да одиграат натпревари против премиерлигашите, но четвртолигашот денес нема никакви шанси против Челзи. Токму затоа предлогот за овој натпревар е екипата од „Стемфорд бриџ“ да постигне најмалку еден погодок во првото полувреме и вкупно најмалку три на целиот меч. Квотата за овој натпревар е рамно 2.
ПСВ Ајндховен вечерва треба да го потврди пласманот во групната фаза на Лигата на шампионите, но за тоа потребна му е победа над Глазгов ренџерс. Првиот натпревар во Шкотска заврши без победник, 2-2, а вечерва се очекува победа на ПСВ во меч на кој ќе бидат постигнати помеѓу два и четири погодоци. Квотата е одлична, неверојатни 2.65.
Ефикасен дуел се очекува да одиграат Копенхаген и Раков. Екипата од Полска на првиот натревар загуби со автогол во својата мрежа, па вечерва се очекува да тргне офанзивно. Токму затоа предлогот за овој натпревар е да одигра една од најпопуларните игри на голови 1+I&3+, односно да има најмалку еден погодок во првото полувреме и најмалку три на целиот меч. Квотата за оваа игра е 2.25.
Големи возбудувања се очекуваат и на дуелот во Атина, каде што ќе се сретнат АЕК и Антверпен. Претставникот на Белгија има предност од 1-0 од првиот натпревар, па АЕК ќе мора да тргне офанзивно за да дојде до поволен резултат. Очекувањата се дека Грците нема да загубат, но ќе се тресат двете мрежи, односно мечот ќе заврши „гол-гол“. Квотата за оваа игра во Sport Life е 2.45.