Комбинација од победи и голови на Сенегал и БАТЕ Борисов

Квотите на денот на Sport Life најавуваат победа на Сенегал против Бенин во прилично ефикасен меч со два до четири гола, како и триумф на БАТЕ Борисов над Пјаст во меч на кој белорускиот тим ќе постигне барем два гола. Голови од еден до три во секое од двете полувремиња ќе има на дуелот помеѓу Линфилд и Розенборг.

 

Сенегал – Бенин (18.00 часот)

Сенегал не смее да ја пропушти шансата да влезе во полуфинале на Африканскиот куп на нациите бидејќи против себе го има Бенин, за кого и пласманот во четврт-финалето е изненадување. Во осминафиналето, Бенин на пенали го елиминираше Мароко, но нема да има сили за уште еден шок. Овие селекции последен пат меѓу себе играа пред две години, а Сенегал победи со 4-0.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.15)

 

БАТЕ Борисов – Пјаст Гливице (19.00 часот)

По победата на гости над Динамо Минск, а пред тоа и над Вутебск со 3-0, БАТЕ Борисов го фаќа посакуваниот ритам во белоруското првенство и нема да си дозволи кикс ниту во овој меч од квалификациите за Лигата на шампионите. На последните пет меча дома, БАТЕ има пет победи и гол-разлика 10-1. Полски Пјаст игра променливо на гости, а предност на Белорусите е што се во натпреварувачки ритам.

Предлог тип: 1 & Т1 2+ (2.35)

 

Линфилд – Розенборг (20.45 часот)

Норвежаните на гостувањето во Северна Ирска би можело добро да си поминат само ако дадат гол. Слабите резултати на Линфилд во подготвителниот период најавуваат дека Розенборг може да оди и на победа. Овие клубови се сретнаа и пред девет години, а вкупниот резултат од двата меча беше 2-0 за Розенборг, но сега има најави за поголема ефикасност.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.00)

 

Нигерија – Јужна Африка (21.00 часот)

Ова е најинтересната четврт-финална двојка на африканското првенство. Во групната фаза, Нигерија загуби од Мадгаскар, но потоа во осминафиналето покажа сила и во класиката со пресврти го елиминираше Камерун. Јужноафриканците одвај ја минаа групата, а во осминафиналето приредија шок со триумфот над Египет. Лани, дуелот на овие тима заврши 1-1, можеби и овојпат двата тима ќе постигнат барем по еден гол.

Предлог тип: ГГ (2.60)

 

Ференцварош – Лудогорец (20.00 часот)

Унгарскиот првак титулата ја освои со малку примени голови, а и на пријателските пет средби во јуни само еднаш примија гол. И бугарскиот шампион си има свои сметки, но според сите показатели, тука би требало да има тврд меч без премногу голови бидејќи и важноста на средбата ќе го направи своето, но нападите се доволно добро за да постигнат некој гол.

Предлог тип: 2-3 гола (1.95)

- Оглас -

Најнови вести