Дуелот во Лисабон меѓу Бенфика и Ајакс го има на посебна понуда за Специјален сингл во Sport Life. Гигантот од Амстердам е фаворит за победа, а еден од главните адути на гостите е Себастијан Халер.
Голгетерот на Ајакс во групната фаза постигна неверојатни 10 голови, па сигурно и вечерва ќе биде главен фаворит на гостите. Како една од најинтересните комбинации во Sport Life е Ајакс да победи во Лисабон, а Халер да постигне гол, што носи квота три. За Халар да биде стрелец на првиот гол, коефициентот е 4.50.
Може да одиграте и на тоа каков ќе биде резултатот по интервали до 15-тата минута, 30-тата минута или 60-тата минута.
Бенфика и Ајакс низ историјата имаат одиграно седум мечеви, а последен пат се сретнале во групната фаза во 2018 година. Во Лисабон беше 1:1, а Ајакс дома победи со 1:0. Вкупната статистика вели дека во седум средби, Ајакс има четири победи, две средби завршиле нерешено, а Бенфика има само еден триумф. Гол-разликата е 10:5 во корист на Ајакс.