Според многумина летниот период го сметаат како „сиромашен“ за обложување бидејќи големите европски првенства се на „пауза“, но не е така. Еден обложувач во Sport Life се пофали како синоќа успеа на едноставен начин да направи добитен тикет.
Едноставна и без многу филозофии е комбинацијата која е одиграна. На шест меча е одиграно да има барем три погодоци и сите шест изобилуваа со погодоци, па на крајот добивката, иако не е премногу голема, секако е слатка и сатисфакцијата е голема за погоден тикет.
БАТЕ Борисов и Арис Лимасол одиграа меч на кој имаше дури осум гола, а на крајот гостите победија со 5:3. Слован Братислава и Зрињски ремизираа 2:2, а Струга ТЛ со 4:3 победи кај Будуќност.
Во мечевите од Челенџ купот во Шкотска, Сент Мирен 2 и Албион одиграа 2:2, а Килманрок 2 со 3:1 го победи Бонириг роуз.
Единствената драма на тикетот имаше на средбата меѓу Олимпија Љубљана и Лудогорец. Беше 1:1 кога во 90+2 минута домаќините погодија за победа од 2:1 и добитен тикет за 3+ на овој меч.


