Голема драма се случуваше во првото полуфинале меѓу Брага и Порто во Купот на Португалија, кое заврши со реми од 1-1. Судијата имаше доста работа и додели осум жолти картони, а директно исклучи и двајца фудбалери на Порто.
Меѓутоа, најнеобичниот момент беше при повредата на домашниот фудбалер Давид Кармо. Стоперот на Брага се здоби со тешка повреда, по што брзата помош мораше да интервенира на теренот. Поради меката подлога, амбулантното возило не можеше да запали и да тргне на пат кон најблиската болница, па играчите на двете екипи мораа да помогнат со туркање.
https://streamable.com/m72d2x