Трагикомична ситуација се случи кога еден фудбалер се обиде пред меч да ја запроси својата девојка, а подготовката во која беа вклучени и неговите соиграчи за малку ќе пропаднеше.
Еден од луѓето од обезбедувањето немаше поим што се подготвува и кога девојката пријде да каже „ДА“, буквално ја избрка.
Ја турна кон атлетската патека, па нервозно реагираше фудбалерот и неговите соиграчи кон стјуардот кој се вмеша каде што не треба.
За среќа, ситуацијата не ескалира, а чинот на запросување потоа мина во најдобар ред.
— Out Of Context Football (@nocontextfooty) November 15, 2022