Комедија во Ла Лига: Генијално го измами главниот судија, но не и ВАР судиите (Видео)

Фудбалерите на Селта Виго ја оправдаа фаворитската улога и ја совладаа Мајорка со 2-0 во меч од шпанската Ла Лига, но најинтересниот момент на натпревар се случи во 78-мата минута, кога беше исклучен гостинскиот дефанзивец Антонио Раило.

Тој најпрво ја промаши топката со глава, а тоа со рака ја допре и така го спречи противничкиот офанзивец да излезе „еден на еден“ со голманот. Главниот судија тоа не го забележа и дозволи играта да продолжи, но тука на сцена стапи ВАР собата, а Раило заслужено беше исклучен.

- Оглас -

Најнови вести