Комедија во Романија поради гол од офсајд (Видео)

Победата на Виторул кај Политехника Јаши од 2-1, и тоа со пресврт и два гола во финишот, предизвика доста контроверзи во романскиот фудбал. Погодокот со кој гостите изедначија на 1-1 беше од офсајд, и тоа не на еден, туку четворица фудбалери на Виторул беа во недозволена позиција пред да падне голот.

Тренерот на Поли, Мирчеа Редник, на прес-конференција се појави со голема слика на која го имаше фатено моментот на офсајдот. Многумина се шегуваа со Редник дека сликата е со лош квалитет и дека не е фатен вистинскиот спорен момент.

Дека беше офсајд, беше, но Редник на необичен начин даваше докази. Голот со која екипата на Георге Хаџи изедначи на 1-1, можете да го погледнете тука.

 

- Оглас -

Најнови вести