Бенџамин Агуеро е син на пензионираниот фудбалер Серхио Агуеро и внук на фудбалската икона Марадона. Тој напиша коментар на објавата на ПСЖ на „Инстаграм“ со која му се заблагодаруваат на Лео Меси и доби огромна поддршка од фановите на Аргентинецот од целиот свет.
Четиринаесетгодишниот Бенџамин напиша: „Беше преголем за вас“ и доби 125.000 лајкови и над 2.000 коментари.
По сè она што му се случуваше на Лео Меси во ПСЖ, се чини дека овој коментар ја погоди суштината на проблемот и најдобро ја објасни целата ситуација во која Аргентинецот постојано беше исвиркуван од гледачите на „Паркот на принцовите“.