Коментаторите на МТВ со бура од емоции по последниот свиреж на судијата (Видео)

Фудбалот не е само спорт, фудбалот е и емоција. Без емоции, фудбалот не е ист. Коментаторите на Македонската национална телевизија, Тони Стојановски и Горан Стерјов, покажаа дека го сакаат фудбалот, дека ја сакаат Македонија, и многу емотивно, речиси во транс, го проследија последниот свиреж на судијата Тејлор, што значеше и пласман на нашата репрезентација на Европско првенство.

Илјадници Македонци на ист начин ја доживеаја победата, а коментаторите на МТВ кои беа во Тбилиси беа снимени во тие историски моменти на излив на радост.

Реакцијата на колегите од МТВ може да ја видите тука.

- Оглас -

Најнови вести