30.8 C
Skopje
недела, 7 септември 2025

Коментаторот на РТС заврши во болница по елиминацијата на Србија

Сите во Србија очекуваа златен медал од Евробаскетот 2025, но наместо тоа, доживеаја елиминација во осминафиналето од Финска (92-86). Шок кај кошаркарската јавност во Србија е голем, а за тоа говори и информацијата која ја пренесуваат медиумите кај нашиот север сосед.

Мечот на Радио-телевизија Србија (РТС) го коментираше Слободан Шаренац, а после мечот му се слошило и била повикана итна помош, која се наоѓала во близина на салата каде се играше мечот против Финска во Рига.

Иако нема информација дека влошената здравствена состјба е поврзана со мечот, сепак, Шаренац за време на преносот се пожали дека во салата е премногу топло.

Последните информации говорат дека Шаренац се чувствува добро и неговата состојба е стабилна.

Слободан Шаренац е задолжен за натпреварите на Србија, а претходно и на Југославија и на Србија и Црна Гора, на Европските првенства уште од 1995 година и шампионатот во Атина.

- Оглас -

Најнови вести