Комесарот на северноамерканската фудбалска МЛС-лига, Дон Гарбер, зборуваше за популарноста на капитенот на Интер Мајами, Лионел Меси. Тој е воодушевен што во нивната лига игра аргентинската суперѕвезда.
„Доколку не живеете во светот на фудбалот, тешко е да се замисли огромната популарност на Лео и колкава ѕвезда е тој. Мислам тој ви е Мајкл Џексон и Тејлор Свифт вклопени во едно и игра во нашата лига“, рече Гарбер.
Меси пред некој ден беше прогласен за најкорисен играч во МЛС-лигата за 2024 година, но за него за првпат по 18 години немаше место во идеалниот тим на годината на ФИФПро.