Комесарот на МЛС-лигата вели дека Меси сè уште не потпишал за Интер Мајами

Комесарот на МЛС-лигата, Дон Грабер, откри дека Лионел Меси се уште не потпишал договор со Интер Мајами.

Тој за медиумите изјави дека во моментов Меси не е играч на Интер Мајами, но наскоро ќе стане и тоа е одлично за лигата и за фудбалот во САД.

„Продолжуваме на финализирање на сите детали од договорот и се надеваме дека наскоро ќе имаме нови информации за Меси. Не човек што не е возбуден поради тоа што најдобриот фудбалер на сите времиња ќе игра во МЛС-лигата“, изјави Грабер.
Меси по завршување на сезоната, одлучи да си замине од ПСЖ и како следна дестинација го избра тимот Интер Мајами.

- Оглас -

Најнови вести