Комичен автогол на Милан му донесе рекорден број бодови и прво место во Серија А (Видео)

Милан со голем пресврт победи против Верона со 3:2, за голема радост на фановите на „Сан Сиро“. Сите три гола Росонерите ги постигнаа во второто полувреме и по заостанувањето од два погодоци, покажаа дека имаат победнички менталитет.

Жиру и Кеси погодуваа по еднаш за да израмнат на 2:2, а потоа во 78 минута, гостинскиот играч Гинтер си постигна комичен автогол.

Со оваа победа, Милан се искачи на првото место на табелата со 22 бодови, еден повеќе од Наполи кој е втор со 21 бод, но наполитанците треба да играат дома против Торино.

Откако во 1994 година во Серија А се воведе за победа да се даваат по три бода, Милан никогаш немал освоено 22 бодови по осум кола.

 

- Оглас -

Најнови вести