Шкупи води со 2:0 во Битола, а блиц-кригот на Чаирчани беше во кус рок од пет минути, со еден комичен автогол на Пелистер.
Марјан Радески го постигна првиот гол во дресот на Шкупи уште во втората минута под Тумбе Кафе, а потоа се случи најсмешниот момент во ова издание на Првата македонска лига.
Во обид да се избие топката, двајца играчи на Пелистер несмасно реагираа, Крстевски го погоди Алпај, а овој ни крив, ни должен си постигна комичен автогол.
Пелистер има два порази во првите две кола и е пред нов несупех, а Шкупи забележа победа и реми и е на првото место моментно.