Комичен автогол од 50 метри во Купот на Германија (Видео)

Второлигашот Падерборн беше на прагот да приреди сензација и да го елиминира Штутгарт од осминафиналето на Купот на Германија, и тоа благодарение на еден автогол каков што ретко се гледа.

Во четвртата минута од мечот, Гркот Мавропанос од голема далечина реши да му ја врати топката на голманот Милер и не сакајќи испадна автогол за кој се зборува вечерва во цел свет.

Милер постапи аматерски, а Мавропанос во иднина двапати ќе размисли како ја враќа топката кон голманот.

Сепак, во 86-тата минута бундеслигашот изедначи, а во 95-тата минута даде гол за победа, па Штутгарт се пласира во четвртфиналето.

Ова е автоголот на Мавропанос:

https://twitter.com/i/status/1620474027427897357

- Оглас -

Најнови вести