Тунис и Мали одиграа нерешено 1:1 во меч од второто коло на Е групата, кој ќе се памти само по еден момент. Грешката на голманот на Тунис во второто полувреме, кога не успеа да прифати една лесна топка, па таа заврши во голот. Диадие Самасеку изведе корнер, голманот Муез Хасан се обиде да ја фати топката, но наместо тоа, сам ја смести во својата мрежа.
За среќа на несреќниот голман, Тунис до крајот на дуелот успеа да даде гол и средбата заврши 1:1. Мали сега има 4 бодови, пред Тунис со два, а денеска се игра мечот меѓу Мавританија и Ангола.