Комичен пропуст на Турците: Како се вика играчот на Партизан?

Голем пропуст направија Турците во текот на вчерашниот дуел меѓу Јени Малатијаспор и Партизан во рамките од третото квалификациско коло во Лигата на Европа. При измена на белградскиот тим, дигиталниот семафор на малите екрани го потврди влегувањето на Огњен Ожеговиќ на местото од Умар Садик, само што српскиот напаѓач беше преименуван во „Фајр“, односно Оган.

Преводот на името на Ожеговиќ предизвика бунило, но и смеа кај фудбалските познаници, по што овој момент остави поголема трага од сите случувања на самиот меч. Дури и името на Садик го згрешија, односно недостасуваше буквата „у“ напред.

- Оглас -

Најнови вести