29.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Комична реакција на Дешамп откако во Казахстан го прашаа за Бензема (Видео)

По победата на Франција на гости против Казахстан од 2-0, селекторот на светските шампиони, Дидие Дешмп, имаше мини-шоу на прес-конференцијата. Еден казахстански новинар му постави прашање поврзано со Карим Бензема, а реакцијата на Дешамп беше комична.

„О, нее. И тука ли? Признајте дека некој француски новинар ве има натерано да ме прашате ова“, рече насмеаниот Дешамп.

Дешамп во 2015 година го отпиша Бензема од националниот тим. Тогаш ѕвездата на Реал Мадрид беше исфрлен од репрезентацијата поради скандалот во кој го уценувал соиграчот Матје Валбуена со негови порно снимки.

https://twitter.com/i/status/1376218352771809281

- Оглас -

Најнови вести