24.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Комична тактика за корнер на повратникот во Премиер лигата (видео)

Нотингем форест тргна со пораз од Њукасл со 2-0 во својот камбек во Премиер лигата, но повратникот во елитата стана една од главните теми за разговор по некомплетираното прво коло.

Имено, гостинските фудбалери го решираа најкомичното изведување на корнер. Ниту еден играч на Нотингем не беше во шестнаесетникот, а кога дојде моментот за изведување на прекинот, неколку фудбалери се залетаа кон противничкиот гол. Нафрлувањето за жал, заврши во рацете на Поуп.

https://twitter.com/FunnyFTMoments/status/1555948461056573440

- Оглас -

Најнови вести