Комични сцени во Хрватска: Фудбалери со раце го расчистуваа калот за да изведат пенал (Видео)

Комична ситуација имаше на дуелот од втората хрватска лига помеѓу Змијавци и Зрински, меч кој на крајот заврши без победник и без голови, 0-0. Во 96-тата минута беше досуден пенал за домашната екипа, но прашањето беше од каде да се изведе ударот од „белата“ точка, а сигурно и како да се шутира. Причината беше калот на теренот и речиси невозможните услови за игра.

Фудбалерите на домашната екипа со раце го расчистуваа калот за да може да се шутне топката, но ударот беше толку лош. што заврши директно во стомакот на голманот на Зрински, кој патем и се повреди.

Зрински е лидер во втората хрватска лига со пет поени повеќе од второпласираниот Шибеник и многу веројатно следната година ќе играат против Динамо и Хајдук во најквалитетната хрватска лига.

- Оглас -

Најнови вести