Навивачката група „Комити Скопје“ објави демант по соопштението на раководството на клубот дека е пристигната фактура со износ од 2.500 евра за употреба на пиротехнички средства на натпреварот против Шкупи.
Соопштението на „Комити“ го пренесуваме во целост:
„Најостро ги демантираме сите лаги кои управата на клубот ги сподели со јавноста, а кои се однесуваат на казна изречена од страна на ФФМ, за пиротехнички средства употребени на натпреварот од 14-коло на ПМФЛ, против екипата на Слога Ј.
Имено, на фотографиите и на сите видео материјали, јасно се гледа дека токму на тој натпревар воопшто не се користеше пиротехника, додека и во самиот записник на делегатот не се наведува тоа како причина.
Ова јасно укажува на уште еден срамен чин на Управата, која има за цел да создаде лажна слика за групата во јавноста.
Не барајте виновници наоколу, туку помеѓу самите вас, во вашиот срамен однос кон навивачите кој го воспоставивте уште од првиот миг…и да знаете дека токму вие, со вашата некадарност сте најголема казна за клубот!
Кога-тогаш ќе станете минато, од црно поцрно кое ќе се раскажува единствено по лошо, додека ние, искрените Комити и вардарци, како и секогаш ќе останеме со клубот и во добро и во зло – засекогаш, затоа што за нас клубот не претставува полигон за остварување на цели, туку живот и тоа е нешто кое секогаш ќе не разликува од вас!“