Комити најавуваат спектакл, „Јане“ ќе „гори“ за Вардар (видео)

Вардар вечерва го игра последниот меч во Лигата на шампионите на домашен терен, во „Јане Сандански“ гостува Пик Сегед во рамки од првиот четвртфинален дуел на ракометниот континентален собир.

Воедно, ова ќе биде последен меч во кој ќе го гледаме Вардар каков што се навикнавме во изминативе години, со шампионски амбиции. Токму затоа „Комити“ најавија спектакл, да го испратат европскиот првак од 2017 година како што доликува. Нивната поддршка ќе биде ветар во грб за ракометарите во црвено-црни дресови, кои целат на победа во пресрет на реваншот во Унгарија.

Натпреварот Вардар – Пик Сегед ќе започне за 20 минути.

- Оглас -

Најнови вести