Комити од стадионот во Битола ја најавија прославата за големите јубилеи, Чкембари веднаш возвратија (Фото)

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар оваа година слави 75 години од формирањето, а навивачката група Комити прославува 35 години од формирањето. Главната прослава за овие јубилеи ќе биде на 23 ноември на арената „Тодор Проески“, кога ќе гостува прославениот клуб од Босна и Херцеговина, Железничар.

По повод овој меч, популарните Комити тргнаа во промоција на средбата, па дел од навивачите на Вардар успеаја да влезат на стадионите на лутиот ривал Пелистер во Битола и од таму да испратат порака за мечот на кој ќе се прослават јубилеите.

Непосредно по фотографиите на кои се гледа како навивачи на Вардар се фотографирани со транспарент за мечот на Црвено-црните, се појавија и навивачите на Пелистер, популарните Чкембари кои се пофалија дека го „заплениле“ токму транспарентот на Комитите.

- Оглас -

Најнови вести