Комити: „Одлуката да биде поништена, ова само дополнително влијае на лошата состојба во фудбалот“

Навивачката група на Вардар, Комити, е незадоволна од одлуката на ФФМ да ги одложи утрешните натпревари од Првата лига за во вторник. Тие бараат поништување на оваа одлука, за која велат дека само дополнително влијае на лошата состојба во која се наоѓа мак-фудбалот.

Во продолжение комплетното соопштение на навивачката група „Комити“:

„ОФИЦИЈАЛНО СООПШТЕНИЕ!

По одлуката донесена од страна на ФФМ, а во координација со МВР, натпреварите од 17 коло на ПМФЛ да бидат одложени, и истите да бидат одиграни без присуство на публика, во вторник(03.12.2024) во 13:00ч, го соопштуваме ставот на групата:

Скандалозното сквернавење на македонските симболи, кое со години се повторува во континуитет, не се решава со затворање на стадионите. Се решава со затворање на сите кои на било кој начин, се обидуваат да ја нарушат унитарноста на Република Македонија.

Гневот на Македонецот во овој момент е голем но е и целосно оправдан и истиот нема да исчезне, напротив, со носењето на вакви одлуки, уште повеќе ќе се зголемува!

Сметаме дека ваквите одлуки и непопуларни термини, дополнително влијаат и врз лошата ситуација во која генерално се наоѓа мак фудбалот, па затоа бараме од надлежните институции:

Поништување на одлуката со која натпреварите ќе се одиграат во вторник(03.12.2024) и повторно одигрување на истите, наредната недела со присуство на публика!

Покрај тоа, апелираме до Управата на ФК Вардар, веднаш да се одважи и да го прифати нашето уредно поднесено барање, натпреварот против ГФК Тиквеш, да биде одигран во вечерен термин!

СТАНИ МАКЕДОНЧЕ-ОВА Е ТВОЈОТ ДОМ!„ – се вели во соопштението на навивачката група „Комити“.

- Оглас -

Најнови вести