Со само една победа во четири меча, Вардар е во зоната за испаѓање во Втората фудбалска лига. Најтрофејниот македонски клуб денеска гостуваше кај Велешта и иако на полувремето водеше со 1:0, на крајот загуби со 1:2.
Вардар во четирите меча има освоено само четири бода и заостануав дури осум зад лидерот Силекс кој е перфектен. По неуспехот кај Велешта, со порака на својата официјална фејсбук страна се огласи и навивачката група „Комити“. Најверните навивачи на Вардар побараа одговорност, а во нивната порака напишаа:
„Без никаков притисок, на добар терен, со добар пречек, без желба, без мудрост, без стратегија, и што е најважно без м.да!
Беда, очај, мизерија !
Велешта – Вардар 2:1 (0:1)
По овој натпревар првото место делува научна фантастика, а според играта, веројатно успех ќе биде евентуалното освојување на второто место !
Ова е неприфатливо !
Одговорност мора да има !