Со транспарент на кој има зборови од познатата патриотска песна „Заветна“, навивачката група Комити со нетрпение го очекува почетокот на дуелот со Шкендија од македонското фудбалско првенство.
Се потврдува дека стадионот „Борис Трајковски“ во населбата Маџари е премал за вакви мечеви на кои Вардар е домаќин, трибината беше преполна на еден час пред мечот кој почнува во 15 часот.
Без разлика на која позиција се на табелата, кога играат Вардар и Шкендија, тој меч секогаш важи за дерби, така е и денеска според атмосферата.