Неколку членови на навивачката група Комити присуствуваа на натпреварот Шалке – Манчестер сити и му даваа поддршка на германскиот тим кој загуби со 2-3, но една друга коинциденција го привлече вниманието.
Гостите од Англија со пресврт во второто полувреме станаа победници на зелениот терен, но победник на трибините беше еден фан на Шалке, кој на полувремето беше снимен како низ трибините носи чаша полна со пиво на главата. Ниту една капка од пивото не беше истурена и навивачот рутински си се прошета со пивото на глава. Сите што го видоа, беа воодушевени, а некои англиски фанови кои го виделе на интернет го поканија да им се придружи на натпреварите на нивните тимови.
Каква е врската на скопските Комити со навивачот? Сликата говори сè.
Погледнете го фанот како без проблем носи полна чаша пиво на главата:
https://twitter.com/i/status/1098329406190350343