„Комити“ тргнаа за Битола, ќе има спектакл „под Тумбе кафе“ (Фото)

Навивачката група на Вардар, популарните „Комити“, на околу три часа пред почетокот на мечот во Битола тргнаа од Скопје. Под големо полициско присуство и во конвој, се очекува во Битола да пристигнат околу 500 навивачи на „црвено-црните“.

Пелистер уште вчера објави дека сите билети за вечното дерби, кое на програмата е од 19 часот, се распродадени, па „под Тумбе кафе“ се очекува да има вистински спектакл пред полни трибини и две навивачки групи.

- Оглас -

Најнови вести