Фудбалерите на Вардар денеска загубија со 2:0 на гостувањето кај Брера Струмица и направија чекор наназад во битката за опстанок во Првата македонска фудбалска лига, со што ги налутија своите верни навивачи Комитите.
Комитите незадоволни од прикажаната игра на вардарци, по натпреварот ги построија фудбалерите, а незадоволството го искажаа и на официјалната фејсбук страница, на која напишаа „не сте свесни колку сме бесни“.
Вардарци по 29 кола имаат 29 освоени бодови и се десетти на табелата, позиција која води во баражот за опстанок во Првата фудбалска лига, додека Воска спорт која е позиција погоре по триумфот од 4:0 над Брегалница, има пет бода повеќе од Црвено-црните.
Вардар до крајот на сезоната ќе одигра уште четири меча против Брегалница и Силекс на гости, и против Брегалница и Тиквеш на домашен терен.