Најтрофејниот македонски клуб Вардар ги стартуваше подготовките за новата сезона. Каде што е Вардар таму секогаш грбот му го чуваат „Комитите“. Најверните навивачи и денеска беа на првиот тренинг, го „запалија“ Хиподром со факели, означувајќи ја новата ера на клубот.
Вардар има нови сопственици, што секако носи голем оптимизам дека во блиска иднина клубот ќе се врати на самиот врв на македонскиот фудбал.
„Вардар засекогаш“, истакнаа Комитите со транспарент, а потоа со песна даваа ритам додека фудбалерите ги вртеа првите кругови во новата сезона.